Пуштен во функција подземниот дренажен канал кај ОКТА

Bez autora
Jul 26 2012

Во рафинеријата ОКТА вчера официјално беше пуштен во функција подземниот дренажен канал со должина од 600 метри до населеното место Бујковци, со кој се регулира нивото на подземните води. Со инвестиција од над 80.000 евра е завршен подземниот дренажен канал со кој се регулира нивото на подземните води, се зафаќаат, одведуваат и евентуално прочистуваат пред да се влеат во Сува Река. Со тоа се спречува можноста од поплавување на имотите и домаќинствата во Бујковци. Истовремено, доколку се укаже потреба, постои можност за пречистување на овие води преку пречистителната станица на ОКТА со што значително се придонесува за почиста и поздрава животна средина. Според него, овој проект ќе придонесе за решавањето на проблемот со високото ниво на подземни води и поплавени подруми што долго време го мачеше населението на Бујковци и на општина Илинден.

Пуштен во функција подземниот дренажен канал кај ОКТАВо рафинеријата ОКТА вчера официјално беше пуштен во функција подземниот дренажен канал со должина од 600 метри до населеното место Бујковци, со кој се регулира нивото на подземните води.

„Со инвестиција од над 80.000 евра е завршен подземниот дренажен канал со кој се регулира нивото на подземните води, се зафаќаат, одведуваат и евентуално прочистуваат пред да се влеат во Сува Река. Со тоа се спречува можноста од поплавување на имотите и домаќинствата во Бујковци. Истовремено, доколку се укаже потреба, постои можност за пречистување на овие води преку пречистителната станица на ОКТА со што значително се придонесува за почиста и поздрава животна средина“, изјави вчера главниот извршен директор на ОКТА, Атанасиос Паспалиарис.

Според него, овој проект ќе придонесе за решавањето на проблемот со високото ниво на подземни води и поплавени подруми што долго време го мачеше населението на Бујковци и на општина Илинден.

Локалното население, пак, од Бујковци смета дека дренажниот канал нема да ги реши нивните проблеми, бидејќи и во моментов има вода во нивните подруми. Според нив, каналот не е ископан каде што треба. Тие апелираа до раководството на ОКТА дека треба заедно да ги решаваат проблемите. Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, посочи дека проблемите се стари, но дека се обидуваат да најдат решение. „Со пуштањето на дренажниот канал не велиме дека сите проблеми сме ги решиле, напротив, дека почнуваме со нивно решавање не само во делот на подземните води, туку и во делот на водоснабдувањето и заштитата на животната средина, воздухот и почвата“, рече Стојановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik